1
Бугарскиот европратеник – Андреј Ковачев изјави дека Македонија нема причина да се жали пред европските институции поради враќањето на Ива Михаилова во Бугарија.
Според него, случајот треба да се разгледува од хуманитарен аспект, а не како политички спор меѓу двете држави.
Тој посочи дека бугарските европратеници ги обединиле напорите за поддршка на Михаилова и нагласи дека таа има право да добие соодветна медицинска грижа.
Ковачев изрази надеж дека ќе се воспостави конструктивен дијалог меѓу Скопје и Софија и порача дека двете страни треба да се придржуваат до Договорот за добрососедство.