Фон дер Лајен ја оцени работата на Владата како импресивна, вели Мицкоски

by vlatko 22:16
22:16

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски, во вечерашното гостување на телевизија Алсат М вели дека пораката од претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, јасно ги демантира тврдењата на домашната опозиција дека Владата не спроведува реформи. Toj посочи дека Фон дер Лајен ја оценила работата на Владата како „импресивна“, што, според него, претставува исклучително силна позитивна оценка.

-Таа вели вие правите импресивна работа, тоа ќе се согласите претставува највисока ниво на суперлатив и ќе се согласите дека таква реторика немаше на претходните дестинација која таа ги посети. Ние збориме за домашната политичка сцена, сега зборуваме дали оваа влада се плаши да испорачува реформи или не се плаши. Потврдата дојде од највисокото ниво на ЕК, тоа е претседателката, која пред да дојде во Скопје, беше на неколку други места и само тука го искористи тој вординг, односно највисоко нивно на суперлатив, кога рече дека ние правиме импресивна работа во делот на реформите. Што значи демантирани се лагите на опозицијата, ние работиме и реформираме – посочи премиерот.

На прашањето дека и покрај се условот за уставни измени останува, Мицкоски посочи дека уставните измени минатата влада ги направи критериуми за членство во ЕУ, откако претходно го сменила името.

-Никогаш ние не сме кажале дека тој услов не останува. За жал, претходната влада на СДСМ и ДУИ прифати нешто кое што е дел од овој процес. Но, она кое што беше наша цел од самиот почеток на Владата, ако ги оставиме оние будалаштини што ги кажува моменталното раководство на СДСМ и ДУИ дека сме ветувале, па сме излажале итн, ако ги оставиме тие будалаштини и зборуваме за реална политика, тогаш нашата цел беше да можеме да најдеме начин како тој процес да го задвижиме, а притоа да успееме да го задржиме достоинството, кое со прифаќање на тој услов ќе се согласите со мене апсолутно беше не само уништено, туку буквално закопано, ако се има предвид дека претходно на ова прифаќање му претходеше едно друго понижување, а тоа беше промената на уставното име – истакна тој.

Слични вести