1
МВР информира за два одделни случаи на физички напади врз жени во Македонска Каменица и Злетово.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднела кривична пријава против Ќ.С. (59) од Македонска Каменица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“.
Според пријавеното, на 5 и 7 јули 2026 година во семејната куќа, тој физички ја нападнал својата сопруга.
Кривична пријава поднела и Надворешната канцеларија за криминалистички работи Пробиштип против Ј.Ј. (49) од Злетово, исто така поради постоење основи на сомнение за „телесна повреда“.
На 5 август 2026 година, пријавениот физички ја нападнал својата вонбрачна партнерка.