Хаос на аеродромот во Белград, привремено прекинати полетувањата

by irena 21:31
21:31

Полетувањата од белградскиот аеродром „Никола Тесла“ вечерва беа привремено прекинати поради пропуст во задолжителниот проток на патници.

По грешката во работата на компанија за копнено опслужување, надлежните служби вовеле вонредна контрола на патниците во засегнатата зона.

Дел од летовите се одложени, а на аеродромот има метеж. Од „Никола Тесла“ велат дека се координираат со авиокомпаниите и надлежните институции за што побрзо нормализирање на сообраќајот.

Засега нема информации за конкретна безбедносна закана.

Слични вести