Истуриле пепел по правење зимница, па избувнал пожар, нема повредени

by irena 17:18
17:18

Правењето зимница завршило со пожар во скопското село Горно Соње, откако сопружници истуриле пепел од ќумбе во близина на викенд куќа, при што најверојатно во него останал жар.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, вчера околу 19:50 часот било пријавено дека во Горно Соње избувнал пожар во кој биле зафатени викенд куќа и трева.

Полициски службеници од СВР Скопје излегле на местото и разговарале со 74-годишниот Д.М., сопственик на викенд куќата.

Тој на полицијата ѝ објаснил дека заедно со сопругата правеле зимница, по што пепелот од ќумбето го истуриле во близина на куќата и си заминале. Според првичните информации, најверојатно во пепелта останал жар, по што избувнал пожарот.

Во пожарот нема повредени лица. Интервенирала екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, која го изгаснала огнот.

Слични вести