Експлозии во текот на ноќта го потресоа Киев, загинаа најмалку две лица

by irena 08:23
08:23

Најмалку две лица загинаа во Киев како последица на нападот на руските сили врз градот, соопштија утринава градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, и Воената управа на градот Киев.

„За жал, две лица загинаа како последица на непријателски напад во областа Дарница. Изразуваме сочувство до нивните семејства и блиски“, соопшти Воената управа, пренесува „Укринформ“.

Во текот на ноќта, Воената управа најпрвин прогласи воздушна тревога поради заканата од ракетен напад, а потоа ги повика жителите на Киев да се упатат кон најблиските засолништа.

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, исто така изјави дека е пријавена штета од нападот во неколку области и дека службите за итни интервенции се на терен.

„Како последица на нападот, избувна пожар во областа Дарница. Две лица беа спасени за време на гаснењето на пожарот. Пронајдени се телата на две загинати лица“, објави Кличко.

„Укринформ“ известува дека во текот на ноќта низ градот одекнувале бројни експлозии.

Слични вести