Маѓар: Унгарија од следната година воведува данок на богатство

by irena 22:01
22:01

Унгарија од следната година ќе воведе данок на богатство, изјави денеска унгарскиот премиер Петер Маѓар, исполнувајќи го на тој начин предизборното ветување дека богатите ќе го понесат поголемиот дел од товарот на јавните обврски.

„Ќе се применува данок од 1 отсто за имот што ја надминува вредноста од една милијарда форинти (3,1 милион долари), додека за имот над 100 милијарди форинти стапката се зголемува на 1,5 отсто“, објави тој на Фејсбук, пренесува Index.hu.

Тој оствари убедлива изборна победа во април, откако остро се спротивстави на корупцијата за време на 16-годишното владеење на Виктор Орбан, период во кој се појави нова класа на политички поврзани ултра богати поединци, вклучително и семејството на Орбан.

Слични вести