Останал и без пари, и без мебелот кој го порачал

by irena 15:19
15:19

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.Р.(46) од тетовско.

Тој се сомничи за сторено кривично дело „измама“.

Како што информираат од МВР, на 12. јануари годинава во правен субјект во Тетово, пријавениот измамил 49-годишник од тетовско.

Имено, лицето се договорило пријавениот да му испорача мебел, по што му дал 3.550 евра, но мебелот не бил испорачан во договорениот рок, а му биле вратени само дел од уплатените пари.

Слични вести