(ВИДЕО) Уапсен е арачиновецот кој во Липково истури огревни дрва пред полициска потера

Видео: Open-TV

by irena 15:42
15:42

Полицијата приведе 65-годишен жител на скопско Арачиново, откако беше затекнат како во село Липково превезува огревни дрва без соодветна документација и не застанал на полициски знак „стоп“, а притоа ги истури дрвата пред полициската потера.

-Вчера во 18:00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Џ.А.(65) од село Арачиново. Тој во село Липково управувал товарно возило во кое превезувало дрва без жиг и не застанал на даден знак стоп од полициски службеници и се обидел да побегне – соопшти полицијата.

Џ.А. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Слични вести