Активни пожарите во Липковско

by irena 10:57
10:57

Пожари и денеска се активни во селата Матејче и Стрима во Општина Липково, на непристапен планински терен, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) Куманово.

Во Матејче активен е пожарот долж патот кон манастирот. На терен интервенирале три екипи од подрачната единица на ЈП „Национални шуми“, но поради непристапноста на делови од теренот не успеале целосно да го локализираат пожарот, по што се повлекле.

Активен пожар има и во село Стрима. Делот што бил во близина на куќите го изгаснале жителите, додека во повисоките планински предели, на местото „Црвен Камен“, пожарот и натаму гори.

Според информациите на „Национални шуми“, како што пренесува информација РЦУК Куманово, потребно е ангажирање на воздухоплови за гасење на пожарите. За состојбата се известени ТППЕ Куманово, ДЗС, Шумско стопанство и Општина Липково.

Денеска сè уште гори и депонијата Краста. Во гасењето ќе се вклучат припадници на ТППЕ Куманово.

Во општина Старо Нагоричане вчера пожарникарите интервенирале во село Враготурце, каде гореле сува трева, сено и стара, распадната плевна. На местото биле присутни и припадници на полицијата, како и жители од селото.

Пожарникарите од Куманово пак интервенирале на опожарена сува трева на неколку локации кај „Ѓорѓе Петров“, кај индустриска зона, во близина на муслиманските гробишта во село Матејче, кај село Ваксинце, на Пчински пат, кај село Љубодраг, во близина на фотоволтаиците, покрај автопатот каде било опожарено стрниште.

Слични вести