1
На 4 октомври, околу 22 часот, во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје лишиле од слобода шест малолетници од Скопје.
Тие се сомничат дека со закана од еден малолетник одзеле пари, при што еден од нив употребил и остар предмет. Од друг малолетник, пак, се обиделе да одземат пари.
По целосното документирање на случајот, Единицата за внатрешни работи Центар и Бит Пазар при СВР Скопје ќе поднесе кривична пријава против малолетниците поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „разбојништво“ и „разбојништво во обид“, казниви по член 237 и член 237 во врска со член 19 од Кривичниот законик.