1
Попладнево беше украден автомобил на улица во белградската општина Врачар.
Државјанин на Босна и Херцеговина го остави својот „фолксваген“ на улицата, со клучевите внатре, за накратко да отиде до продавница.
Двајца малолетници, на возраст од 13 и 16 години, ја искористија можноста, влегоа во автомобилот и се оддалечија. Во меѓувреме, тие ги зеле со себе и другите двајца тинејџери од друштвото.
Набргу по пријавувањето во полицијата, автомобилот беше пронајден во добра состојба, а во него се наоѓале сите четворица малолетници.
Известен бил Центарот за социјална работа.