1
МВР информира дека вчера попладне во 13:20 часот, од Ургентниот центар Гостивар во ПС Гостивар е пријавено дека кај нив е донесено повредено лице.
Од страна на полициски службеници е утврдено дека Н.Ј.(26) од с. Здуње, изведувајќи работни задачи во свој локал во с. Здуње, паднал од скеле и се здобил со повреди.
Увид на лице место извршила екипа од ОВР Гостивар.