Под контрола е пожарот кај железничката пруга во Прилеп

by irena 19:22
19:22

Пожарот што избувна попладнево околу 15 часот покрај железничката пруга на периферијата од Прилеп е ставен под контрола, информираат од ЈП „Комуналец“.

Огнот зафатил површина во близина на Стопанскиот двор на комуналното претпријатие, но благодарение на брзата интервенција, нема никаква опасност за загрозување на платото за доселекција на отпад.

На терен интервенирале екипи на Територијалната противпожарна единица од Прилеп со неколку противпожарни возила, а во гаснењето се вклучиле и вработените од ЈП „Комуналец“ со цистерни и градежна механизација.

Според првичните информации од јавното претпријатие огнот зафатил само мал дел од Стопанскиот двор, исклучиво покрај пругата.

Пожарот избувнал веднаш по поминувањето на возот на релација Прилеп – Битола.

Слични вести