„Ја информирам јавноста, дека под целосна законска, морална, материјална и кривична одговорност тврдам дека не сум бил член на ниту еден управен одбор на јавна или на некоја приватна корпоративна институција. Она што сум бил – член на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на осигурувањето, бидејќи сум доктор по економски науки, со потесна специјализација во областа на осигурувањето. Таму бев ангажиран како надворешен член со паушал од 45 илјади денари или ориентационо 750 евра месечно. Значи, никакви 10 илјади евра, ниту пак, било кои други износи за кои што човекот (Венко Филипче н.з.) говори.
Но, уште пострашно е дека одамна не сме виделе ваков примитивен, насилен и авторитарен настап. Старите велат, кога ќе го изгубите срамот, тогаш образот не постои. Ако воопшто постоел. И, мене ми е жал што го гледам како човек во ваква ситуација. Но, ние имаме обврска да го прекинеме на уривање, а нивниот план е целосно затворање и изчезнување на СДСМ“, вели во видео-интервју за „Фокус’“ фронтменот на Платформата „Разговори за иднината во 12:05“, Игор Ивановски.
Тој најавува дека во текот на оваа недела имаат намера да го достават планот за структурни промени и реформи во рамките на СДСМ кои, како што вели Ивановски, ќе опфатат многу обмислени, широки, прецизни и потези и мерки и политики кои ќе ги интегрираат сите од членството во партијата. Со овие потези ќе мора да се направи кадровска, програмска, организациска, генерациска реформа и трансформација на партијата. Сето тоа, дополнува Ивановски, со цел за да не биде ова што се денес социјалдемократите, како резултат на работата на фракцијата во вид на раководство и да има капацитет за реална, конкурентна и здрава битка со политичкиот противник.
Во интервјуто за „Фокус“ Ивановски одговара дали и кога последен пат се видел со поранешниот лидер на СДСМ Зоран Заев. Говори и за интензивната работа што следи во претстојниот период што би требало да резултира со окрупнување на опозицискиот фронт, во кој има место за сите кои се опозициски расположени. Независно дали се личности или партии, вклучително и со Левица. Но со нив имаме согласност во генеративот – дека опозицијата мора да се обедини за клучните прашања, за да може да се поразат лошите политики на власта, предводникот на „Платформата 12:05“ во интервјуто за „Фокус“
Подготвиле: Зоран Фиданоски – Орце Костов