Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк
„НЕМАМЕ ЗА ЛЕБ, А САКАМЕ ЧОКОЛАДО“
И еве нè по цели 35 години, се сменија неколку влади, ама приоритетите остануваат исти. Треба да се прослави независноста, да се направат концерти – но зошто да се потрошат толку пари? Додека државата плаќа за светски ѕвезди, онколошките пациенти остануваат без терапија.
ШЕФ НА НАЈМОЌНОТО ОБВИНИТЕЛСТВО
Кон крајот на следниот месец ќе биде познат наследникот на Ислам Абази, досегашниот шеф на најмоќното обвинителство во државата. Сите петмина кандидати за „Фокус“ споделуваат зошто сметаат дека се вистинскиот избор за прв човек на ова обвинителство, односно зошто колегите да гласаат за нив?
БОРБА ЗА ПРЕВЛАСТ
Ескалираше внатрешниот конфликт меѓу двете спротивставени фракции во СДСМ. Од една страна, поранешните функционери од ерата на Црвенковски – Игор Ивановски, Андреј Петров и други, обединети во платформата „12.05“, бараат Филипче да си замине од лидерската позиција.
УЧИЛИШНИ УНИФОРМИ
Додека градоначалниците преку социјалните мрежи се фалат со „бесплатните“ униформи како мерка за еднаквост меѓу учениците, јавните набавки откриваат големи разлики во цените, количествата и компаниите што ги добиваат договорите.
СРБИЈА ПРЕД РЕШАВАЧКИ ИЗБОРИ
Оставката на Вучиќ не е крај на една ера, туку почеток на нова фаза во неговата политичка стратегија. Прашањето повеќе не е дали Вучиќ ќе остане фактор во српската политика, туку дали од претседателскиот кабинет ќе се пресели во Немањина 11.
НЕУТРАЛНИ ИЛИ АНГАЖИРАНИ ГРАЃАНИ
Борбата на партиите за контрола на власта е толку жестока на моменти, што ништо друго во државата не функционира, освен тоа што е неопходно за да се постигне надмоќ во борбата за власт. Зошто служат субвенциите во земјоделието, да обезбедат стабилност на достапноста на храна или да ги полнат џебовите на партиските војници?
Колумнисти:
Денко МАЛЕСКИ
Лордот Карингтон смета дека во оваа фаза нема особена потреба од одвоени разговори со Црна Гора и со Македонија, бидејќи тие засега не се инволвирани во воените судири, а, од друга страна, ставовите на Македонија се оценети како најконструктивни, па затоа не се потребни посебни разговори и убедувања во четири очи.
Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Зошто во системот Мафијадонија не може да се случи „стивнина“? Затоа што уклевниот народ е соучесник во симбиозата меѓу криминалните структури и општеството, која е толку длабока, што е речиси невозможно да се прекине.
м-р Тони ДИМИТРОВ
Парадоксот е што многу од овие локалитети и културно наследство веќе ја имаат завршено најтешката работа. Тие имаат приказна. Она што недостига е визија. Затоа што културниот туризам не се создава само со реставрација на објекти, туку преку создавање искуство.
М-р Владо ЈОВАНОСКИ
Бугарски јавни и тајни експоненти во Македонија, добро мотивирани од бугарските тајни и дипломатски служби, заговараат внесување на Бугарите во македонскиот Устав – веднаш и аргументираат дека тоа не би предизвикало никакви штетни последици за Македонија, што секако е апсолутно неточно.