1
МВР информира дека вчера претпладне околу 10.45 часот во СВР Велес е пријавено дека на крстосница од улиците „Киро Ќучук“, „Белградска“ и „Васил Главинов“ во Велес, товарно возило „форд“ со велешки регистарски ознаки, управувано од П.С.(69) од Велес удрило во 65-годишната С.Н. од Велес.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила С.Н., констатирани во Општа болница Велес.
Увид извршила увидна екипа од СВР Велес.