Признаа вина тројца од обвинетите за фалс возачките дозволи, осудени се на затворски казни

by valentina 10:35
10:35

Тројца службеници, а кои беа обвинети за фалсификувани возачки дозволи, признале вина, по што се осудени на затворски казни.

-Предметот се води против шест обвинети, од кои тројца се недостапни. На последното одржано рочиште тројцата присутни обвинети ја признале вината.
Првообвинетата е осудена на две години и шест месеци затвор, а второобвинетиот и третообвинетиот на по една година и три месеци затвор, информираа денеска на брифинг во Основниот кривичен суд Скопје.

Инаку, пред десетина дена беше спроведена истрага за незаконско издавање и фалсификување возачки дозволи за C и D категорија.

Акција следуваше по истрагата што Внатрешната контрола на МВР ја отвори минатиот месец, кога беше откриено дека вработени во управните служби незаконски впишувале повисоки категории во возачки дозволи на лица кои немале положено испит за управување камиони или автобуси. Потоа следувале и проверки за да се утврди колку службеници биле вклучени во шемата и колку возачки дозволи биле издадени на ваков начин.

В.В.

Слични вести