Селекторот на Словенија по победата над Македонија: Не ни треба еуфорија, победивме тим кој не е во самата фудбалска елита

by irena 10:44
10:44

По победата на фудбалската селекција на Словенија од 2:0 против Македонија, словенечкиот селектор – Боштјан Цесар на прес-конференцијата не беше премногу еуфоричен, иако тоа е негов прв триумф како кормилар на Словенците.

„Многу сум среќен што втор натпревар по ред ја сочувавме својата мрежа чиста и што верувавме дека ќе постигнеме гол. Имаше мала фрустрација откако Випотник ја погоди гредата уште на самиот старт, но останавме доволно мирни за да реализираме некоја од следните шанси. Честитки до момците, одиграа совршен натпревар и ова треба да биде појдовна точка. Треба да напредуваме од натпревар во натпревар, но не смее да владее еуфорија после овој меч. Игравме против добар тим, но Македонија сепак не припаѓа баш во самата фудбалска елита“ – рече Цесар.

Цесар нагласи дека во мислите на играчите треба да биде следниот голем тест, а тоа е дуелот со Швајцарија.

Слични вести