Нов пораз на македонската фудбалска репрезентација, повторно без постигнат гол

by irena 22:54
22:54

Фудбалската репрезентација на Македонија го доживеа вториот пораз во Лигата на нации.

Вечерва во Љубљана, Словенија ја победи Македонија со 2:0. Националниот тим и во шестиот натпревар под водство на селекторот Гоце Седлоски не успеа да постигне гол.

По лошото прво полувреме од двете репрезентации, Словенците поведоа во 55-та минута со голот на Ловрич.

Во 82-та минута Матко го постигна вториот гол и ги реши сите делеми.

Македонија во наредната рунда, во сабота ќе ја пречека Шкотска.

Слични вести