Британската служба за поморски трговски операции (UKMTO) соопшти дека брод се запалил синоќа во Ормутскиот теснец откако бил погоден од „проектил од непознато потекло“.
„Пожарот е ставен под контрола и бродот продолжил да плови. Екипажот е безбеден“, соопштија тие, додавајќи дека нема докази за еколошка штета.
Теснецот, низ кој пред војната се пренесувале една петтина од светските резерви на нафта и гас, е во центарот на конфликтот откако САД и Израел ги погодија Иран кон крајот на февруари.
Оттогаш, Исламската Република воведе контрола врз теснецот и во голема мера го парализираше сообраќајот во него, додека Вашингтон одговори со воведување блокада на иранските пристаништа.
Во последните недели има затишје – САД не го нападнаа Иран од 1 септември, иако бродови се напаѓани во Ормутскиот теснец.