Србин насилно отворил резервоар од туѓо „порше“ во Струга и ставил непозната течност

by irena 11:31
11:31

Србин насилно отворил резервоар на туѓо „порше“ и ставил непозната течност во него. Инцидентот се случил пред угостителски објект во Струга.

ОВР Струга поднесе кривична пријава против 37-годишниот М.С. од Бујановац, Република Србија, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување туѓи предмети“ по член 243 од Кривичниот законик.

– Тој на 04.09.2026 пред угостителски објект во Струга, насилно го отворил резервоарот од патничко возило „порше“ со охридски регистарски ознаки, ставил непозната течност и предизвикал значително оштетување на возилото по што избегал, информираа од МВР.

По преземени мерки, тој е лишен од слобода.

Слични вести