Венко Филипче со малата група се фракција во СДСМ. Тој не е претседател на членството туку претседател на фиктивни картички за гласање. Денес се потврди токму тоа, реагираа од платформата „12.05“, откако Филипче денеска ги нападна дека се „пучисти“ и „вмровска шема“.
„Со сите притисоци врз членовите, тој на прес конференцијата собра половина раководство и стотина луѓе во публика. Тоа е помалку од еден процент од гласовите кои наводно ги освои на внатрепартиските избори. Венко Филипче нема образ за обвинувањата кои ги пласира.
На пример, во неговиот Централен одбор седи Рубин Земон, човекот кој го оспорува Македонскиот великан Гоце Делчев. Со Левица ние имаме многу разлики за различни прашања, но сме согласни за едно, “на ти – дај ми” тандемот Мицкоски – Филипче мора да бидат поразени.
На втората сесија на Разговори за иднината во 12:05 имаше идеолошка, експертска и демократска дебата која во СДСМ не се случила со години. Таа маса на Платформата вчера тежеше минимум 150 илјади гласа.
Со хистеријата која упорно се обидува да ја наметне Венко Филипче, тој свесно ги одвраќа опозициските гласови од СДСМ затоа што е уценет и мора да одработи во полза на ВМРО – ДПМНЕ.
Главен кочничар на обединувањето на опозициската демократска и прогресивна јавност е ова изгубено партиско раководство на Бихакќа чија единствена цел им е да се докопаат до пратенички мандати.
Венко Филипче не е и не може лажно да и се продава на јавноста како жртва, бидејќи тој е егзекуторот на највалканиот дил во поновата политичка историја на Македонија“, реагираа од Платформата.