Трамп одби договор за Ормускиот теснец, па Иран повторно се закани со последици

by vlatko 12:09
12:09

Иранската управа задолжена за управување со Ормускиот Теснец ги предупреди бродовите дека ќе се соочат со последици доколку користат „нелегални маршрути“ во регионот.

„Ова ги изложува бродот, неговиот сопственик, капетанот и екипажот на ризик од финансиски загуби и човечки жртви, а сериозно го ограничува и неговото идно минување низ Ормускиот Теснец“, соопшти Управата за теснеците на Персискиот Залив рано утрово на платформата „Икс“.

Од Управата наведоа дека сопствениците на бродови мора да постапуваат со должно внимание за да спречат такви прекршувања.

Доколку закупците на бродовите ги прекршат правилата, сите пловила што им припаѓаат на вклучените компании би можеле во иднина да се соочат со ограничувања.

Веќе извесно време се вложуваат напори за целосно повторно отворање на Ормускиот Теснец, кој и натаму фактички е блокиран.

Иран претходно оваа недела преку Катар им достави „седумдневен план“ на САД, изјави иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи.

Според предлогот, Вашингтон требало да исполни одредени услови пред повторното отворање на теснецот.

„Волстрит журнал“ објави дека меѓу барањата било и укинувањето на американската поморска блокада.

Американскиот претседател Доналд Трамп го отфрли иранскиот предлог, изјавувајќи пред новинарите во Белата куќа дека понудата е неприфатлива.

Слични вести