(Видео) Крај на летната сезона во Охрид

by valentina 14:10
14:10

Крајот на летото е видлив и во главниот туристички центар во Македонија – Охрид. Во последниот викенд од летото објективот на ,,Фокус” регистрираше по некој автомобил на главниот охридски булевар – Туристичка, малку возила на патот што покрај езерото води до манастирот “Свети Наум Охридски” и капачи кои се бројат на прсти на плажите во Лагадин и Пештани. И, да, незаобиколните кајчиња со по некој патник во нив како ги сечат мирните води.

За два дена, и официјално стартува календарски есента. Туристичките работници ќе прават рекапиталулар на летната сезона. А, паралелно со нив во Охрид и покрај Езерото продолжува т.н. конгресен и семинарски туризам.

Зоран Фиданоски

Слични вести