Ѓорѓиевски најави пристигнување на 3.300 нови контејнери

by vlatko 21:08
21:08

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, рече дека од следната недела ќе започнат да пристигнуваат новите 3.300 контејнери со кои ќе биде подобрена јавната хигиена во главниот град.

– Во последните 12 години не се набавени толку контејнери во вкупен обем колку што набавивме ние – рече Ѓорѓиевски на Сител и додаде дека тоа заедно со новите камиони за смет ќе ја подобрат општата ситуација.

Тој им се извини на скопјани за доцнењето при собирањето на отпадот и призна дека постојната механизација не е доволна за целосно и навремено опслужување на градот.

Слични вести