Охриѓанец се обидел да голтне дрога кога го фатиле во Струга

by vlatko 20:11
20:11

Во заедничка акција на охридската и струшката полиција вчера во Струга е уапсен 44-годишен охриѓанец, кој, кога ги видел полицајците, се обидел да проголта две пакувања со дрога.

„На 17.09.2026 во 14:15 часот на улица „Мислешески пат“ во Струга, од страна на полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Охрид и ОВР Струга од слобода е лишен Д.Н.(44) од Охрид. Тој, откако ги забележал полициските службеници во такси возило со кое се превезувал, се обидел да проголта, а потоа и да уништи две пакувања со бела прашкаста материја, но бил спречен и пакувањата му се одземени. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, пишува во полициското соопштение.

Слични вести