Скопјанка (78) ограбена во Ѓорче Петров – остана без мобилниот

by irena 16:03
16:03

Повозрасна скопјанка вчера била ограбена на подрачјето на скопската општина Ѓорче Петров.

Како што се наведува во полицискиот билтен, вчера во 16:50 часот во СВР Скопје, 78-годишната В.К. од Скопје пријавила дека околу 14:30 часот на подрачјето на Ѓорче Петров, едно лице со употреба на физичка сила ѝ го одзело мобилниот телефон.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Слични вести