Од струен удар од вап-машина почина 35 годишник во Студеничани

by irena 13:52
13:52

МВР информира дека вчера претпладне околу 11:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека во с. Студеничани, скопско, во двор од куќа, сопственост на А.С.(56), дошол Х.Б.(35) од с. Студеничани и ја земал вап-машината за да го измие возилото, при што паднал, најверојатно од струен удар.

Со возило на Итна медицинска помош, Х.Б. бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде починал.

Лекар констатирал смрт, а по насоки од јавен обвинител, телото на починатиот било предадено во судска медицина за обдукција.

 

Слични вести