Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк
СИСТЕМОТ
Кога некој описно сака да каже дека „Македонија во 1991 година на тацна доби држава…“ и ако се согласиме со тоа, тогаш реченицата, според мене, е комплетна само доколку се дополни со „ … а ние 35 години се обидуваме да ја скршиме тацната“.
КЛИНИЧКИ ЦЕНТАР
Повеќе од 15 години се „гради“ нов Клинички центар со цел да се подобрат здравствените услуги што ги добиваат пациентите. Неговата изградба стана историска. Сега и Мицкоски најавува изградба на Клинички центар на нова петта по ред локација.
ИЗБОРИ
Ако предизвика вонредни избори, ВМРО-ДПМНЕ ќе го прекрши договорот со ВЛЕН за редовни избори – дали тоа ќе ја отвори вратата за враќање на ДУИ во власта?!
ЕКОЦИД
По една и пол година се затвори случајот во кој кумановското обвинителство истражуваше дали на Крива Паланка и се случи екоцид кога пукна цевка кај рудникот „Тораница“ и вода се излеа во Крива Река. Вештачењето покажало дека немало еколошка катастрофа, иако првичните тврдења на локалната власт беа сосема спротивни.
ОБРАЗОВАНИЕТО БЕЗ СВЕТЛА ИДНИНА
Во Македонија, само околу 26 проценти од учениците го достигнуваат основното ниво на читање, додека просекот во земјите на ОЕЦД е околу 69 проценти. Најдобри резултати, македонските ученици постигнале во 2018 година.
ЦРВЕНИ ЛИНИИ
Украина и Иран го отворија прашањето што следува кога ќе исчезнат границите меѓу војната и мирот, санкциите и конфискацијата, одвраќањето и нуклеарната ескалација.
ПРОКСИ
Десет партиски моќници да вработат десет швалерки во државни институции, десет скандали ќе излезат од тоа. Ама ако една фирма добие тендер тоа е само еден скандал, и тоа финансиски значи здодевен па брзо ќе се заборави.
Колумнисти:
Денко МАЛЕСКИ
Разумните и оптимистички зборови на Бадинтер на неговото прво обраќање на Конференцијата за Југославија запишани во моите сеќавања, сега ги доживувам само како сведоштво на наивноста на овој правник со светска репутација.
Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Како да се промени три и полдецениското тапкање во место? Со јасен, гласен и аргументиран повик за промена! Ако се сака подобра власт, мора да се стане подобар народ. Не идеален. Само похрабар, поупорен и побуден.
Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Во државата имаме недвојбена и јавна поделба на „ваши“ и „наши“ криминалци, судии и обвинители, кон кои политичкиот, моралниот и законскиот однос зависи од тоа која партија е на власт и дали и колку тие криминалци, судии и обвинители се целосно и беспоговорно лојални кон неа.
Ана ПАНОВСКА
Не џабе рекле од комар никој аир не видел, проклети пари. Ама пуста сиромаштија сѐ уште се надева дека кога ќе уплати за некоја од игрите на среќа ќе ѝ се посреќи да улови некое милионче, ни помалку, ни повеќе. Сериозно. Оваа држава има голем проблем со коцкањето.