ВМРО-ДПМНЕ: 4,6 милиони евра провизии за незавршена железница – СДС и ДУИ должат одговори

by irena 09:26
09:26

„ДЗР утврдил неефикасно управување со стратешките проекти за време на владеењето на СДС и ДУИ. Државата плаќала 4,6 милиони евра провизии за неповлечени средства додека железничкиот Коридор 8 со години стоел незавршен. Ова е сериозен скандал и резултат од неодговорното управување на СДС И ДУИ со стратешките инфраструктурни проекти. Првата и втората фаза не биле завршени, роковите биле пробиени, а наместо железничка инфраструктура граѓаните добиле милионски трошоци и нови долгови“ соопштија денеска од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата велат дека „ДЗР констатирал неефикасно управување, a дополнително предупредил и ризик од губење на 61 милион евра европски грант за третата фаза на железничкиот Коридор 8. Кој е одговорен за овие пропусти? Кој дозволил државата да плаќа милиони евра провизии? И кој ќе одговара ако со нечие постапување или непостапување е нанесена штета на државниот буџет? СДС и ДУИ неодговорно постапувале со парите на граѓаните“.

„Јавното обвинителство мора да постапи по наодите на ДЗР. Да се испитаат сите одлуки, договори, постапки и одговорни лица и да се утврди дали има основа за кривична одговорност. СДС и ДУИ не можат да се кријат и да молчат додека граѓаните ја плаќаат сметката за нивното катастрофално владеење во минатото. 4,6 милиони евра провизии, години доцнење незавршена железница и ризик за европски средства. Тоа е наследството од СДС и ДУИ. Бараме одговорност за секој потрошен денар и за секоја одлука со која е оштетена државата. Не сме исти. Разликата е евидентна“ се вели во партиското соопштение.

Слични вести