Шелтон и Зверев во финалето на УС Опен

by irena 09:04
09:04

Бен Шелтон се пласираше во своето прво гренд слем-финале, откако во полуфиналето на УС Опен го совлада сонародникот Френсис Тијафо со 4:6, 6:3, 6:3, 7:5.

Во финалето во недела Шелтон ќе игра против првиот носител Александер Зверев, кој во полуфиналето го совлада Карен Хачанов.

Германецот води со 5:0 во меѓусебните дуели.

Шелтон, кој моментално е деветти на АТП-листата, стана најмладиот Американец во финалето на УС Опен по Енди Родик во 2003 година.

Со евентуална победа над Зверев, Шелтон ќе ја освои првата голема титула во кариерата и ќе има можност да стави крај на 23-годишното чекање на американскиот машки тенис за трофеј во Њујорк.

Слични вести