Осумгодишно дете од Велебрдо заврши во болница – на раката има повреди од барутни честички

by irena 12:35
12:35

Осумгодишно дете од селото Велебрдо вчера е донесено во скопскиот Клинички центар за укажување лекарска помош, па од болницата ја алармирале полицијата.

– На 18.08.2026 година во 14:33 часот во СВР Тетово од Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје било пријавено дека кај нив било донесено осумгодишно дете од с. Велебрдо за укажување лекарска помош, кое се здобило со повреди во пределот на раката од барутни честички – информира СВР Тетово.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Слични вести