1
МВР информира дека вчера попладне во 19:15 часот, врз основа на судска наредба, полициски службеници од СВР Тетово извршија претрес во дом и помошните простории кај С.С.(26) во с. Мала Речица, тетовско.
При претресот бил пронајден и одземен кокаин, по што лицето е лишено од слобода.
По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.