45
Од МВР информираат дека кај Пештани е извлечено безживотно тело на турист од Грузија.
-На 12.08.2026 во 14:32 часот во СВР Охрид е пријавено дека од водите на Охридско езеро, кај Пештани, било извлечено машко лице – давеник. Екипа на Итна медицинска помош констатирала дека лицето починало и дека нема видливи повреди. Притоа, било утврдено дека се работи за Б.Д.(46) од Грузија. Увид бил извршен, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција, информираа од МВР.