Денеска одбележуваме 25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор со кој беше ставен крај на вооружениот конфликт во 2001 година и се потврди територијалниот интегритет и демократската иднина на Македонија, напиша лидерот на СДСМ, Венко Филипче, на Фејсбук.
-Токму најголемата сила на нашата држава е во тоа што е заеднички дом на Македонци, Албанци, Турци, Срби, Власи, Роми, Бошњаци и сите други наши граѓани.
Различностите се дел од нашето општество и наша обврска е да ги негуваме како вредност, а не да ги користиме за политички поделби.
Охридскиот рамковен договор е потсетник дека мирот, дијалогот и компромисот се секогаш посилни од конфликтот, поделбите и омразата.
По 25 години, сите имаме должност да ја градиме иднината на Македонија низ соживот, еднаквост и меѓусебно почитување – а не со поделби, навреди и омраза.
Но токму во овие денови го гледаме спротивното. Криминалната група ВМРО и Мицкоски ја водат класичната кампања на Ванчо Михајлов – кампања за ширење омраза и поделби. Народот го нарекуваат „талог“.
Ги делат граѓаните. Создаваат непријател. Сеат страв.
Додека зборуваат за мир и соживот, во пракса прават сè за да го уништат.
Македонија заслужува да биде просперитетна, интегрирана држава – дел од Европа, каде секој граѓанин ќе се чувствува сигурен во сопствената земја.
Не со поделби. Не со омраза. Не со етикети како „талог“.
Со вистина, со правда и со достоинство, напиша Филипче.