По три дена, пожарот во кавадаречкото село Раец е целосно изгаснат

by vlatko 22:30
22:30

По три дена, пожарот во кавадаречкото село Раец е целосно изгаснат, соопшти градоначалникот Митко Јанчев, објавувајќи фотографии од тимот на пожарникари и доброволци што изминатите денови учествуваа во неговото гаснење.

„Во овие исклучително тешки моменти уште еднаш се потврди силата на солидарноста и несебичната посветеност на сите служби и поединци што деноноќно беа на терен во борбата со огнената стихија“, напиша тој на Фејсбук.

Воедно, упати благодарност до Противпожарните единици на Кавадарци и Неготино, на ЈП „Комуналец“ Кавадарци, Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Центарот за управување со кризи (ЦУК), Општата болница во Кавадарци, Шумско стопанство „Бор“, Министерство за внатрешни работи, Армијата, ОВР Кавадарци, Граничната полиција-Југ, доброволните противпожарни друштва, како и на сите доброволци и жители на селата Раец и Дреново, кои, како што вели, на различни начини помогнаа во гаснењето на пожарот.

„Вашата храброст, пожртвуваност и несебична поддршка беа од непроценливо значење за успешно надминување на оваа сериозна состојба“, посочи тој.

Слични вести