69
Македонија и денеска ќе биде зафатена од сончево и многу топло време, со максимални температури кои на одделни места ќе достигнат до 40 степени.
Во Скопје се очекува сончево време со слаб променлив ветер и температура до 38 степени.
Според прогнозата, топлотниот бран ќе продолжи и во наредните денови, а во некои делови од земјата температурата може да ја надмине границата од 40 степени.
Од четврток се очекува локален развој на нестабилна облачност, проследена со краткотраен пороен дожд и грмежи во попладневните часови.
Надлежните препорачуваат граѓаните да избегнуваат престој на сонце во најтоплиот дел од денот и да внесуваат доволно течности.