Градоначалникот Јанчев: Борбата со пожарот во селото Раец продолжува и во текот на ноќта

by valentina 23:29
23:29

Големиот пожар во Кавадарци се уште не е под контрола, поради што борбата со огнената стихија ќе трае и во текот на ноќта.

-И во текот на ноќта сите расположливи сили остануваат на терен во с. Раец, каде што продолжува борбата со пожарот. Се вложуваат максимални напори за локализирање и отсекување на огнената линија, со цел да се заштити секој објект и да се спречи понатамошно ширење на пожарот.
На терен се ангажирани:
– две цистерни од ЈП „Комуналец“ со двајца возачи,
– две противпожарни возила од ТППЕ Неготино со шест пожарникари,
– булдожер со возач,
– од ТППЕ Кавадарци: два унимог возила, четири пинцгауер возила, едно џип возило и 17 пожарникари,
– екипа од Дирекцијата за заштита и спасување со четири лица и едно теренско возило,
– дел од месното население, кое активно помага во справувањето со пожарот,
– амбулантно возило со доктор, стационирано во с. Дреново, како превентивна мерка за здравствена заштита на жителите, информира градоначалникот Митко Јанчев.

Тој додава дека активностите ќе продолжат непрекинато до раните утрински часови, кога се очекува дополнителна поддршка од воздух.

-Благодарност до сите служби, институции, доброволци и граѓани кои несебично се борат со огнената стихија и го даваат својот максимум за заштита на луѓето и имотот, вели Јанчев.

Слични вести