(Видео) Кочанчаец криел кокаин, хашиш и марихуана под машина за перење

by irena 11:36
11:36

Полицајци од Кочани, по претходно добиена судска наредба, денеска извршиле претрес во дом на А.Р. во Кочани, при што пронајдени и одземени  над 160 грама кокаин, хашиш и марихуана.

„А.Р. е лишен од слобода, известен е јавен обвинител и по целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена кривична пријава по брза постапка по член 215 од Кривичниот законик“, информира МВР.

Од видеото што го објави МВР, се гледа дека кочанчанецот ја сокрил дрогата во тоалетот, позари машина за перење алишта.

Слични вести