1608-1609

by bogdan 19:37
19:37

Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк

МИНИСТЕРЕ КЛЕКОВСКИ, НЕ СО ТИЕ КУРШУМИ
И, замислете, тоа го прави човек, кој на хартија има завршено Медицински факултет и тоа му е професијата, но нема ни „л“ од лекар, поточно еден ден нема работено на својата струка за да може да ги „треска“ од земја „неподобните“, само затоа што не го делат неговото мислење.

ТЕНДЕРИ ЗА УЧЕБНИЦИ
Додека над 100 училишта ставија клуч на врата, тече исплатата за милионските зделки за печатење на учебниците. Конзорциум со печатница на екс градоначалник наплатил 3,6 милиони евра од МОН за учебници, а 1,5 милион евра „легнале“ кај издавач за само 3 месеци!

РАШЧЕ И ВРУТОК
Изворот Вруток никој не го обезбедуваше, освен еден катанец. Додека, изворот Рашче е заштитен со физичка ограда поставена согласно безбедносните и санитарните стандарди за заштита на изворишта за вода за пиење.

ЗАГУБАРИ СО МИЛИОНСКИ ТЕНДЕРИ
Одржување на фонтани, сервисирање на пумпи, поправка на водоводна инфраструктура, одржување на паркови и друга комунална опрема – сето тоа често се доверува на надворешни изведувачи, иако јавните претпријатија имаат сопствени служби и вработени за слични задачи.

НАСЛЕДНИК НА АБАЗИ
Наскоро му истекува мандатот на првиот човек на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, Ислам Абази. Засега меѓу обвинителите се вртат неколку имиња за можни кандидати, или наследници на Абази. Се споменуваат обвинителите Искра Хаџи Василева, Спасенка Андонова и Јово Цветановски.

АЛБАНИЈА И СРБИЈА
Во Албанија, премиерот Еди Рама се соочува со најсериозните политички предизвици во последните години, додека во Србија сè погласно се зборува за можни предвремени парламентарни избори наесен.

СИТНИ ПРОБЛЕМИ
Парадоксот на компетентноста е ако власта си ја врши добро работата, тогаш на граѓаните не им е гајле кој е на власт до степен што е можно да ги фати апатија и на изборите да не гласаат.

 

Колумнисти:

Денко МАЛЕСКИ
На Ганев му пречи членот 49 од Уставот на Македонија, истиот оној што не ѝ беше по волја на Грција. За да ја ублажи тензијата, бугарскиот минстер предлага договор за пријателство и соработка или некаква политичка декларација меѓу Бугарија и Македонија.

Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Индифирентните и крајно рамнодушни „мртви пувала“ не се готови да се самоорганизираат, туку молчешкум очекуваат некој друг да ги решава проблемите, да пружи нешто, да покаже по кој пат да се киниса.

Ристе ЉУБОТЕНСКИ
„Државата“ како заедничко „акционерско“ друштво на сите граѓани кои живеат на нејзина територија троши многу повеќе одошто самата таа им овозможува и придонесува истите тие граѓани нормално да живеат и работат.