Неколку улици во Долно Лисиче утре ќе бидат 6 часа без струја

by irena 20:53
20:53

Жителите од одделни улици и локации во населеното место Долно Лисиче утре, 29 јули, ќе останат привремено без снабдување со електрична енергија поради планирани прекини во дистрибутивната мрежа.

Според известувањето, од 09:00 до 15:00 часот без електрична енергија ќе бидат корисниците лоцирани на патот за Долно Лисиче, на потегот од трансформаторската станица кон Горно Лисиче.

Во истиот временски период, односно од 09:00 до 15:00 часот, прекин во снабдувањето ќе има и за објектите на патот за Долно Лисиче околу „Пе Бо Трејд“, „Делта МКС“ и „Про Авто Маркет“.

Слични вести