Кој дозволи гостиварци цели 3 недели да пијат вода загадена со фекалии – со вбризгување големо количество хлор сакале да ги прикријат трагите?!

by bogdan 10:55
10:55

По прогласувањето епидемија и воведувањето 30-дневна кризна состојба во Гостивар, истрагата треба да покаже како дошло до контаминацијата на водата од градскиот водовод и дали навреме биле преземени сите неопходни мерки за заштита на граѓаните.

Жителите на градот се гневни и револтирани, а еден од нив порачува: „Кој го направи ова, да даде Господ да го казни, си играл со животот на овие луѓе…“.

Друг граѓанин, кој живее во близина на Вруток, каде што живеел и еден од раководителите што беа притворени, изрази чудење како обвинетиот, инаку архитект по професија, не знаел дека при тестирањето на водоводот, водата со фекалиите ќе ја загади чистата вода за пиење: „Изворот во Вруток, во моментов, е незаштитен, а е стратешко најважно место во Гостивар.

Никој не го чува, можете да поминете и да истурите шише со сомнителна течност во него и толку треба да се направи еколошки инцидент или да се загрози здравјето на граѓаните…“.

Анализата откри дека водата има околу 48 пати повеќе колиформни бактерии од максимално дозволеното и хлор од 2,2 пати над максимално дозволената вредност.

Пишува
Орце КОСТОВ

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК