Ако Стоиљковиќ беше на конгрес на Единствена Русија, Славјанскиот универзитет на чело со министерот Серафимовски соработувал со руски универзитет, чии ректори биле функционери од партијата на Путин!

by bogdan 11:51
11:51

Откако ВМРО-ДПМНЕ ја презеде власта во 2024 година, опозициските СДСМ и ДУИ почнаа засилено да пласираат наратив дека актуелната влада ја сместува земјата во т.н. српски свет, кој е тесно поврзан со „рускиот свет“ и руските интереси на Балканот.

Во прилог на ваквите тврдења, опозицијата често го споменува тоа што значајна улога на Илинденска има лидерот на Демократската партија на Србите, Иван Стоиљковиќ, кој од вициепремиер и министер за односи меѓу заедниците неодамна ротираше во министер за локална самоуправа.

Иако во неговите јавни настапи, Стоиљковиќ вели дека европскиот пат на земјата е дефиниран и трасиран, додека тезите за „српски свет“ и вртење кон Русија ги оценува како „манипулација“ и „карикирање“, сепак, тој истовремено вели  „добро е да се игра на повеќе колосеци“.

Што се однесува до фактите, пак, тие говорат дека освен што бил гостин на официјален прием во руската амбасада на Денот на Русија, тој во неколку наврати бил во посета на Москва – скоро беше на Московскиот безбедносен самит заедно со Вулин и Додик, а своевремено беше на Конгрес на Единствена Русија на рускиот претседател Путин, кога изјави дека „Русија полека, но сигурно се враќа на меѓународната политичка сцена“.

Покрај него, може да се најдат официјални информации и податоци за одредени конекции и релации со Москва и на новиот министер за земјоделство од редовите на ЗНАМ, Борче Серафимовски. Меѓу другото, тој порано бил генерален директор на Меѓународниот славјански универзитет од Свети Николе, кој имал соработка со рускиот државен Тамбовски универзитет, чиј поранешен и сегашен ректор биле, т.е. се членови и функционери од владејачката Единствена Русија.

Во една пригода, Серафимовски изјавил: „Македонците со многу топлина понекогаш го нарекуваат нашиот универзитет (Славјанскиот универзитет) Руски институт.

Тоа не е само знак на почит кон рускиот партнер, туку и го потенцира посебниот однос кон Русија од страна на словенските народи на Балканот.

Во историската меморија на балканските народи, засекогаш останува улогата на Русија во нашето ослободување…“

Пишува:
Влатко СТОЈАНОВСКИ

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК