1607

by bogdan 19:42
19:42

Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк

ГОСТИВАРСКАТА ВОДА – МАКЕДОНСКА ПАРАДИГМА
Цели 22 дена си работеле ресторани и кафулиња, си служеле храна и пијалаци, луѓето дома секое утро си правеле кафе и домашни оброци со вода земена од градскиот водовод. А, кога овие што го нивелирале притисокот, се освестиле дека ја претерале, се обиделе да ја ублажат работата и да ги „покријат“ трагите, па ставиле хлор за прочистување во „малку“ енормни количества.

МАСОВНО ТРУЕЊЕ
По прогласувањето епидемија и воведувањето 30-дневна кризна состојба во Гостивар, истрагата треба да покаже како дошло до контаминацијата на водата од градскиот водовод и дали навреме биле преземени сите неопходни мерки за заштита на граѓаните. Жителите на градот се гневни и револтирани.

ДОЛГИ ЛИСТИ НА РЕВМАТОЛОГИЈА
Со што се соочуваат болните што мора да ја примаат биолошката терапија, а од ревматолошката клиника не ја добиле? Многу од нив се принудени да продаваат куќи и станови или да земаат кредити за да ги набават неопходните лекови, кои најчесто ги купуваат од Србија, Грција или од Турција. Некои од нив потрошиле и повеќе од 130.000 евра за да го набават неопходниот лек…

ПРОРУСКИ МИНИСТРИ
Ако министерот за локална самоуправа Иван Стоиљковиќ беше на конгрес на Единствена Русија пред десетина години, кога порача дека Русија се враќа на меѓународната сцена, Славјанскиот универзитет предводен од актуелниот министер за земјоделство Борче Серафимовски соработувал со рускиот Тамбовски универзитет, чии ректори биле или се функционери од партијата на Путин.

ИРАН ПРЕД ПРЕСВРТНИЦА
Настаните околу Иран повеќе не се изолиран регионален конфликт. Тие претставуваат геополитичка криза со глобални последици, која ги вклучува интересите на САД, Израел, европските држави, Русија, Кина и арапскиот свет. Следните недели ќе бидат решавачки.

ЖЕДНИ ПРЕКУ (ЗАГАДЕНА) ВОДА
Никој до сега не предложил наместо Бугарите, во Уставот да ги внесеме, и со тоа да ги кренеме на едно повиско ниво на почитување пожарникарите кои секое лето водат војна за спас на нашите шуми! А зошто да не и лекарите, кои деновиве се борат да го заштитат нарушеното здравје на жителите на Гостивар. Конечно, зошто во Уставот да не ги внесеме и пекарите, млекарите, лозарите, тутунарите, рударите…

 

Колумнисти:

Денко МАЛЕСКИ
Верувам дека ви станува јасно зошто неполн месец по именувањето сакав да се повлечам од функцијата министер за надворешни работи. Ми пречеа многу работи – од чадот на цигарите, кој ми предизвикуваше мигрени, до начинот на кој функционираше владата. Но, најмногу ми пречеше помислата дека товарот на одговорноста што доброволно го зедов на себе, нема да можам да го изнесам, како што ми се чинеше, меѓу толку неодговорни луѓе во државната структура.

Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Прашањето за „правичната“ застапеност е само партиски измислена алатка за политичко манипулирање со граѓаните, чија цел е регрутирање на политички послушници и гласачи, кои за возврат добиваат ветување и можност без стручни и морални квалификации да се вработат во институциите на системот.

Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Клиентелистичкиот рајатински народ и чипираните партиски војници ич не се потресуваат и немаат гајле што системот Мафијадонија, триесет и пет години тапка во место. Зомбирани и потонати во мрак, тие не се жртви, туку соучесници. Кој нема да се шекне, тој не е со сите!