Две државјанки на Македонија уапсени во Црна Гора поради кражба на златен накит

by irena 10:04
10:04

Две државјанки на Македонија се уапсени во Црна Гора под сомнение дека украле четири златни ланчиња од златарница во Игало.

Како што соопшти црногорската полиција, украдениот накит е пронајден и вратен на сопственичката на златарницата.

„Службениците од Одделението за безбедност Херцег Нови ги лишија од слобода Ж.Ц.Т. (55) и А.Р. (33) од Скопје, државјанки на Македонија, поради сомнение дека го сториле кривичното дело кражба“, се наведува во полициското соопштение.

Против двете осомничени ќе биде поведена соодветна кривична постапка согласно црногорското законодавство.

Слични вести