Кос: ЕУ одржува четири конференции во ист ден – напредок за Украина, Молдавија, Албанија и Црна Гора

by irena 09:33
09:33

Европската комесарка за проширување Марта Кос изјави дека Европската Унија денес одржува четири меѓувладини конференции за пристапување, сите во еден ден, што е прв ваков случај по повеќе од две децении.

На платформата X, Кос го нарече овој ден „супер вторник“ за проширување на ЕУ, наведувајќи дека четири клучни кандидати за членство – Украина, Молдавија, Албанија и Црна Гора остваруваат значителен напредок во процесот на пристапување кон Унијата.

Според неа, ќе се отвори Група 6 со Украина и Молдавија, која вклучува области како што се надворешната, безбедносната и одбранбената политика, за кои, како што изјави таа, постои силен аргумент во корист на нивното идно членство во ЕУ.

Слични вести