(ВИДЕО) Со концертот „Љубов“ вечерва се отвори 66. издание на „Охридско лето“

by valentina 22:03
22:03

Вечерва започна 66-то издание на „Охридско лето“ со спектакуларен гала-концерт насловен „Љубов“. Настапуваат светски познатите оперски ѕвезди – албанската сопранистка Ермонела Јахо и американскиот тенор Чарлс. Концертот се реализира под диригентската палка на маестро Марко Боеми од Италија, во придружба на Националната опера и балет.

Фестивалот ќе биде домаќин на над 700 уметници од 24 земји, кои ќе изведат околу 50 музички и сценски настани.

Годинава се одбележуваат и два големи јубилеи: 100 години од раѓањето на Ана Липша-Тофовиќ и 60 години од основањето на Факултетот за музичка уметност Скопје.

 

Слични вести