Жестокоста на реакциите што дојдоа од Бихаќка, тежината на зборовите што меѓусебно се упатија и заканите за потенцијални санкции кон некои од присутните, дефинитивно најавуваат вовед во една силна политичка пресметка, чиј исход однапред не може да се предвиди.
Но, може да се процени дека, или ќе остави сериозни последици во внатрепартиските редови, или ќе предизвика промена на правецот на дејствување на СДСМ. Или и двете заедно.
Токму тезата дека следните 10 до 12 месеци најверојатно нема да бидат период на мирна политичка консолидација, туку време на интензивно прегрупирање – навестува што следува во опозициските редови.
Поранешните социјалдемократски првенци сега групирани во Платформата, според доброупатени извори, имаат намера од темел да ја протресат партиската структура од која и самите потекнуваат.
Велат дека со „Разговорите за иднината во 12.05“, сакаат да постигнат искрена, широка, експертска и политичка дебата за погрешните политики на власта и за нејзината безидејност.
Но, во исто време, и за промена на летаргичноста на опозицијата, особено, како што посочуваат, за мала група луѓе во СДСМ што ја држи партијата.
Пишува
Зоран ФИДАНОСКИ
ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК