Македонски газди со бугарски фирми и бизнис-врски со политичката елита ќе го „воскреснат“ ски-центарот Кожуф

by bogdan 12:55
12:55

Со години, ски-центарот Кожуф важеше за еден од најамбициозните туристички проекти во Македонија, но никогаш не го достигна планираниот развој.

Причините за неуспехот беа повеќеслојни, но како една од клучните, најчесто се посочува недоволно развиената патна инфраструктура, која требаше да ја обезбеди државата.

Проектот, во почетната фаза, доби поддршка и од тогашната влада, која инвестираше околу девет милиони евра во изградба на нов пристапен пат, што создаде очекувања дека Македонија ќе добие модерен зимски туристички центар.

По продажбата на ски-опремата и промената на сопственоста врз недвижниот имот, се создадоа услови за рестартирање на проектот.

Во јавноста првично се шпекулираше дека нови инвеститори ќе бидат иселеници од Германија, но најновите информации покажуваат дека како потенцијални инвеститори во „Ски Кожуф инвест“ се појавуваат бугарски компании зад кои стојат македонски бизнисмени.

Пишува
Орце КОСТОВ

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК